Што е PaoPao?

За да ви кажам што е PaoPao, мора прво да го спомнам Grouper.mk – синонимот за е-трговија во Македонија. По 11 години постоење, приказната на Grouper продолжи да ни раскажува новости, и како што викаат “”know-how”  го лансираме нашиот најнов продукт PaoPao.mk

PaoPao е новата marketplace платформа создадена за сите: за тебе, ако купуваш онлајн, а и за тебе ако сакаш да продаваш! Ова е најголемиот онлајн трговски центар кој ќе ги задоволи сите потреби на еден корисник, но и бизнис.

PaoPao е твоето ново онлајн место што ќе ти го олесни животот зошто ќе ти понуди многу за кратко време, и ќе биде достапно каде и да си.

Што ќе најдете на PaoPao?

Буквално сé – над 10.000 производи од мода, убавина, алати, мебел, играчки, грижа за здравје, електроника, накит и тоа од многу различни брендови, ама сите се на едно оналјн место. 

Зачлени се на PaoPao, биди во тек со новостите и освој подарок на старт!

Како се користи PaoPao?

Лесно како 1, 2, 3! Разгледуваш низ продавниците и категории, наоѓаш тоа што ти се допаѓа, го додаваш во кошничка, внесуваш податоци за достава и правиш нарачка. 

Она што ти нудиме е избор и тоа:

  • Креирање на профил: можеш да креираш профил за поголема персонализација, а можеш и само да оставиш податоци за достава и да го скокнеш овој чекор ако сакаш.
  • Како сакаш да платиш: со картичка или во готово кога ќе ја добиеш на нарачката
  • Тип на достава или за колку време сакаш да ја добиеш нарачката: ќе има и опција за екстра брза достава за 2 часа во реонот на Скопје! Избор на категории, производи и продавници: доволно за да најдеш она што ти треба.

Компанија си, дали PaoPao е за тебе?

И тоа како! На PaoPao може да отвориш “PaoPao продавница”.

PaoPao продавница” е ваша онлајн веб страна, односно е-продавница, во склоп на PaoPao платформата со ваш брендинг на која може да ги објавите сите ваши производи по редовни или намалени цени, подредени во соодветна категоризација – со имплементиран платежен систем и платформа за процесирање на нарачки и испорака. Повеќе инфо за ова тука. 

PaoPao ќе биде твоето ново омилено место! Ти ветуваме!

Следи не за новости, за да не ти биде криво 🙂